Иванов: Да ја сакаме и да ја чуваме Македонија

by fokus

 

Сакам на сите христијани да им го честитам овој голем ден – Велигден, ден кога симболично животот ја победи смртта. Затоа, да се радуваме на животот, на сите добрини и убавини што тој ни ги носи, рече претседателот Ѓорге Иванов, кој присуствуваше на литургијата по повод Велигден во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Како што рече Иванов, во годината кога одбележуваме пет децении од возобновувањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија треба да се потсетуваме на сите наши обичаи и традиции кои ни овозможиле да опстојуваме низ вековите.

– Посакувам во овие празнични денови да се потсетуваме на сето она што е во наше наследство, да го сакаме, почитуваме и да му се радуваме на животот, да го сакаме и почитуваме се она што го имаме, да ја сакаме, почитуваме и чуваме Република Македонија, порача Иванов.

На литургијата присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, а велигденската порака ја прочита протојереј Драги Костадиновски

 

Поврзани новости