Иванов: Ако бевме интегрирани во НАТО и ЕУ, проблемот со бегалците ќе се решеше полесно

by Фокус

-Бегалците не потсетија кој е клучниот коридор помеѓу Блискиот Исток и Европа. Ако Унијата навреме го интегрираше овој клучен коридор, денес Шенген-границите ќе беа заштитени, а одговорноста на државите ќе беше поделена. Ако бевме дел од безбедносниот систем на Унијата и НАТО и ако имавме пристап до сите бази на податоци, тогаш немаше да бидеме затекнати од кризата, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов по синоќешниот Самит во Брисел за решавање на кризата со бегалците.

Тој додаде дека во ваква ситуација кога Македонија ги трпи последиците од мигрантската криза, без да ги ужива придобивките од членството во Унијата, постои  сериозна опасност Балканскиот коридор да стане лавиринт во кој ќе се заглават и мигрантите и бегалците, но и земјите-кандидати за членство во Унијата.

-Мора да воспоставиме соработка и комуникација меѓу македонската и грчката полиција и разузнавачките служби во врска со заканите пред кои е исправен регионот. Во нацрт-декларацијата усвоена од Македонија и од Грција стои дека треба неодложно да се имплементираат прекугранични мерки за градење на довербата помеѓу Грција и Македонија. Наместо тоа, би сакале да видиме целосна соработка на сите нивоа помеѓу полициските и разузнавачките служби на Грција и на Македонија, порача Иванов од Брисел.

Поврзани новости