Иванна Хаџиевска: Време е да се активирам во политиката!

by Фокус 10:00
10:00

„Морам да признаам дека работата во А1 ТВ се‘ уште е на пиедесталот на моите омилени ангажмани. Сакам тоа да го живеам одново и одново“, раскажува Иванна.

- Advertising -

Ја побаравме за прошетка низ Скопје Сити мол во моментот кога шопингот е најактуелен поради понудата на попустите која мами од секоја продавница. Уште кога влеговме во „Манго“ забележавме дека чевлите се нејзина слабост. Тие влегуваат и во нејзината топ 5 задолжителна листа на парчиња кои треба да ги поседува секоја жена. Чевлите ѝ се дел од облеката за која најчесто најлесно донесува одлука. И навистина така беше. Во „Манго“ избра прекрасни чизми, додека во нејзиниот личен шкаф неодминливи се црните салонки, за кои смета дека треба да ги поседува секоја дама.

Шопингот е задоволство кое го практикува додека шета, посебно надвор од Македонија. Нејзиниот задолжителен партнер за шопинг-турите е нејзиниот сопруг. Важно е и неговото мислење при донесување одлука за парчињата што треба да се купат. Вели дека имаат сличен стил и често знаат убаво да се надополнат, дури и без некаква претходна подготовка. Покрај нејзиниот сопруг, уште една машка личност одигра значајна улога во градењето на нејзиниот стил како дете.

„Во детството главен стилист ми беше татко ми, тој ми ја одбираше гардеробата, па одигра големо влијание врз мојот стил на облекување понатаму. Во тинејџерските денови паметам дека не сакав да носам фустанчиња, не користев модни додатоци и никогаш не облекував тренерки. Низ годините, во потрага по сопствениот стил поминав низ неколку модни трансформации и сфатив дека најубаво се чувствувам кога постојано ги менувам стиловите, а тие истовремено одговараат на моите години“, вели Иванна.

Изборот на облека при јавните настапи го прави заедно со познатата модна креаторка Тања Кокев.

Покрај чевлите, важен дел од нејзината гардероба се и фармерките. И овој факт ни се потврди во прошетката низ „Манго“ во Скопје Сити мол. Иванна вели дека секогаш е во потрага по фармерки кои стојат совршено. Тие се второто парче на нејзината задолжителна листа за облека. Ги комбинира со маици кои имаат интересна порака. Сака и убави женски чанти, посебно тие што се големи и имаат некоја впечатлива боја. Нејзиниот пакет со пет парчиња кои се задолжителни во нејзиниот личен гардеробер го заокружува со очила.

Овој празничен период од годината го користи и да здивне од бројните обврски кои ги имала во текот на минатата 2013. Па, токму затоа периодов си дозволува да го прави она што вообичаено било резервирано за зимските викенди: бушава коса, убави пижами, шарени чорапи – редовно распар и телевизор, нешта што мајка ѝ ја „ваделе од такт“. За неа, вели Иванна, носењето пижами надвор од собата за спиење беше најстрого прекршено правило за кое следуваше „држење говор“ сѐ до моментот додека не се пресоблечам во соодветна облека.

„Откако живеам со Влатко малку сум порастеретена од тоа што смеам да носам кога сум дома, но одбирам удобна облека, најчесто тоа се маичка и хеланки“.

За да ѝ го овозможиме уживањето во моментите на опуштеност, ја прошетавме до „Екстрим интимо“. Продавницата во која го има буквално сѐ она што е задолжително за обликувањето на еден релаксиран викенд или одмор, убави пижами, квалитетна долна облека и интересни чорапи со впечатлив дизајн.

Нашата прошетка во Скопје Сити мол ја завршивме во кафулето „Плеј“. Тоа е и нејзино омилено место. Тука откривме дека Иванна не е љубител на кафе. Нејзиниот омилен пијалак е сок од свежо цеден портокал. Едноставно ги сака природните работи. Вели, таков ѝ е карактерот.

„Не глумам и не се преправам. Никогаш не барам работите “да ми паднат од небо“, туку се стремам да ги добијам со многу труд и работа. Се‘ до сега постигнав сама. Се‘ правам во согласност со моите можности, учам, се надградувам, вложувам во себе, се‘ заради лична сатисфакција“, раскажува Иванна.

Поврзани новости