Итна седница на Комитетот за управување со кризи поради невремето во Тетовско

by Фокус

Состојбите по невремето во Тетовско, како и мерките што треба да бидат преземени за надминување последиците, биле тема на денешната прва седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, кој заседаваше доцна попладне.

На седницата, со која претседавал раководителот на комитетот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, било заклучено Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со Општина Тетово и регионалниот штаб за управување со кризи, веднаш да преземе активности за санација и расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата Министерството за транспорт и врски било задолжено уште вечерва да закаже итен координативен состанок со сите институции под негова надлежност, за да се направи детален акциски план со работни активности по институции, согласно расположливите ресурси.

Поврзани новости