Италијанскиот национален обвинител за „Скопје 2014“: Сите истраги се тајни!

by fokus

Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам, денеска присуствуваше во Македонија, но не откри дали неговото обвинителство соработува со македонските колеги за истрагата „Скопје 2014“. Тој на новинарското прашање дали соработуваат со македонските колеги, бидејќи италијанска леарница изработи голем дел од скулптурите за проектот, рече:

-Треба да се нагласи дека сите истраги се тајни, се до моментот кога се бара притвор или има конфискација на имот. Доколку откријам детали, јас би сторил кривично дело, рече Кафиеро Де Рахо.

 

Италијанската делегација учествуваше на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“ што се одржи во Јавното обвинителство.

Во рамки на посетата јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо потпишаа Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.

Поврзани новости