Италијанскиот министер за внатрешни работи за трагедијата во Џенова: Не е прифатливо вака да се загине

by fokus

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини порача дека најмалце 30 лица загинаа при срушувањето на надвозникот во близина на Џенова. Како што порача тој, ќе се обиде да го најде виновникот за ваквата трагедија и како што вели, не е праведно да се загине на ваков начин.

„Сакам да им се заблагодарам на пожарникарите, професионалните спасувачи и доброволците кои ведна интервенираа и се уште бараат преживеани. За жал, смртно настрадаа 30 лица и многу луѓе се повредени. Не е праведно да се загине вака во 2018 година“, истакна Салвини.

Поврзани новости