Италија се закани дека ќе ја тужи „Фајзер“ поради доцнење на вакцините

by fokus

Италија се закани дека ќе ја тужи фармацевтската компанија Фајзер поради доцнење на испораката на вакцините против Ковид-19.

– За заштитата на италијанските граѓани не може да се преговара, истакна специјалниот комесар за пандемијата Доменико Аркури.

Тој истакна дека разговарал со министрите и со регионалните лидери и оти е донесена одлука да се преземе акција следните дена.

Вакцината против Ковид-19 на Фајзер/БиоНтек кон крајот на декември беше одобрена од Европска Унија, но американската компанија минатата недела соопшти дека ќе ги одложи испораките во следните три до четири седмици поради промени во работниот процес во Белгија. Следниот ден компанијатра соопшти дека ја ограничува испораката за една недела.

Аркури истакна дека неделава не се доставени 29 проценти од ветените дози вакцини. Во Италија над 1,2 милиони луѓе се инфицирани со Ковид-19, а повеќе од 83.000 починале од последици од вирусот.

Поврзани новости