Италија се враќа во нормала: Над 4 милиони луѓе повторно на работа

by Fokus

Во Италија, првата европска земја што воведе општи карантински мерки во борбата против новиот корона вирус, денеска, по два месеца изолација, ќе започне постепено олабавување на рестриктивните мерки, со што околу 4.4 милиони луѓе ќе се вратат на работа.

Во Италија бројот на заразени лица од вирусот Ковид-19 е во опаѓање, а вчера е регистриран најмал број жртви како последица на вирусот во последниот месец – 174.

Новата уредба на италијанската Влада ќе стапи на сила во наредните две седмици, што ќе биде „пробен период“ за донесување натамошни одлуки во управувањето со кризата со вирусот Ковид-19.

Доколку продолжи позитивниот тренд со епидемиолошки податоци, ќе следи повторно олабавување на мерките.

– Тоа ќе биде нова страница што ќе ја испишеме заедно, со доверба и одговорност, наведе вчера италијанскиот премиер Џузепе Конте на социјалните мрежи, најавувајќи ја примената на новите мерки

Поврзани новости