Италија ги прекинува сите летови до Кина, регистрирани првите два случаи на коронавирусот

by fokus

Премиерот на Италија Џузепе Конте синоќа објави дека се регистрирани првите два случаи на новиот коронавирус во земјата и оти Италија ги прекинува сите летови до и од Кина.

Конте рече дека Италија е првата европска земја што донесе одлука да ги прекине летовите „поради претпазливост“.

– Како и во другите земји, имаме два потврдени случаи на коронавирусот. Се работи за двајца кинески туристи кои пристигнале пред неколку дена, информира Конте на прес-конференција.

СЗО синоќа прогласи глобална вонредна ситуација поради новиот коронавирус.

Поврзани новости