Истражување: Бразилскиот сој Ковид-19 може да инфицира 61% од оние кои го имале вирусот

by fokus 18:34
18:34

Откриениот бразилски сој на Ковид-19 може да предизвика реинфекција кај 61отсто од луѓето кои веќе имале коронавирус, покажува новата студија објавена од Империјал колеџ во Лондон, Универзитетот Оксфорд и Универзитетот во Сао Паоло.

Истражувањето за варијантата П1 кај луѓето кои живеат во бразилскиот град Манаус идентификува потенцијално високи нивоа на реинфекција и покажува дека варијантата е попренослива од оригиналниот вид на Ковид-19.

- Advertisements -

Примероците на крв од оваа најнова студија од институциите покажуваат дека повеќе од 67 отсто од луѓето во Манауш имале коронавирус до октомври 2020 година. Експертите откриле дека варијантата П1 на Ковид-19 е зголемена од нула на 87 проценти за околу осум недели. Откриено е дека варијантата П1 е помеѓу 1,4 и 2,2 пати попренослива од кој било друг вид, а исто така е откриено дека може да изврши повторна инфекција помеѓу 25 и 61 лице со развиен имунитет на претходна инфекција со коронавирус.

Досега бразилскиот сој е пронајден во 25 земји.

Поврзани новости