Историската комисија да информира што е договорено, побара Ковачевски

by Фокус

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков денеска договорија да се формираат работни групи кои ќе бидат од повеќе области – инфраструктура, економија, трговија, деловната соработка меѓу бизнис заедниците, образование, култура, а тука ќе биде вклучена и Комисија за историски и образовни прашања.

-Сметаме дека тоа се области кои значат многу повеќе за граѓаните, за нивната иднина за граѓаните од сите возрасти посебно за младите. Тие се направени како меѓуресорски работни групи во кои нема да учествуваат само политичари, туку ќе учествуваат и претставници на секторите за кои се однесуваат – посочи Ковачевски.

Како што информира тој, се планира динамика на седумдневно ниво, каде работните групи ќе работат помеѓу себе и ќе можат самите да ја информираат јавноста за тоа што е постигнато и што може да очекуваат во иднина. Во однос на историската Комисија, тој изјави:

„Историчарите работат во еден подолг процес, бидејќи се работи сега и за период во минатото којшто тоа го прават врз основа на методологија и врз основа на дефинирање на одредени факти што ги имаат регулирано согласно со методологијата и јас лично се надевам дека членовите на историската Комисија ќе информираат заеднички за тоа што е договорено и дека тоа што заеднички е договорено ќе биде мост кон иднината, а не враќање кон минатото“.

Поврзани новости