Историчарот Јовановски: Бугарија беше под притисок, можеби не е толкав колку што македонските граѓани посакуваа

by Fokus

Историчарот Далибор Јовановски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за ветото на Бугарија, за отпочнување на преговори на Македонија за влез во ЕУ. Како што истакна тој, Бугарија била под притисок и таа тоа не го направила без премолчена поддршка од ЕУ.

„По полемиката со Бугарија, кога стана јасно дека Бугарија нема да се согласи Македонија да ги отпочне разговорите за влез во ЕУ, почнаа шпекулации. Дали некој влијаел врз Бугарија, врз одлуката, има кај нив силни проруски чувства. Бугарите сега велат, не ставивме вето, но ние мора да ги следиме сите состојби во регионот. Тие имаат свои причини. Нас ни се смешни причините, но затоа имаме вето за вето (чешко-словачко) и заради една небулозно толкување на историјата. Словаците беа експлицитни во објаснувањето, за Кирил и Методиј. Уверен сум дека Бугарија не го направи ова без премолчена поддршка од ЕУ. Захариева вчера рече дека не е само Бугарија таа која се противи, има и други земји. Даваат различни изјави. Бугарија беше под притисок, можеби не е толкав колку што македонските граѓани посакуваа“, истакна Јовановски.

Поврзани новости