Истекува рокот за имињата на бугарските клубови „Ванчо Михајлов“и „Цар Борис Трети“

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да се сретне со претставници на македонските Бугари во земјава. Средбата доаѓа на ден до истекот на рокот за двете бугарски здруженија „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, кои треба да ги сменат имињата, во спротивно ќе бидат затворени, јавува Дојче Веле.

Темата на разговор не е позната, но според одредбите на Законот за здруженија и фондации, сите оние кои нема да ги усогласат името, називот или статутот, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот, врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда, по претходно добиено негативно мислење.

Министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот или до 16 март и врз таа основа Централниот регистар треба да ги избрише.

Поврзани новости