Истече рокот од УНЕСКО за Охрид, извештајот испратен во Париз

by fokus

Рокот на УНЕСКО за спроведување на 19-те препораки за заштита на Охридскиот регион денеска заврши заедно со инспекцискиот надзор кој беше спроведен изминатите денови. Извештајот е веќе испратен во централата во Париз, а во него е истакната посветеноста на надлежните и билатералната соработка со Албанија.

„Превземени се мерки со инфраструктурните проекти, националниот парк Галичица, санација на најклучните точки на колекторскиотс систем до мај и нема излевање на Охридското езеро“, рече Едмонд Адеми, претседател на националната комисија за УНЕСКО.

Тричлена комисија на УНЕСКО престојуваше во работна посета на Македонија и на Охрид, со цел да направат увид во спроведените активности на терен и да дадат оценка колку се почитуваат нивните препораки за обемот на градежните зафати и нивното влијание врз животната средина и културното наследство.

 

Поврзани новости