Исламската држава со новa заканa кон Балканот

by fokus

Терористичката организација Исламска држава (ИД) упати нова закана кон земјите од Балканот, најавувајќи крвопролевање и одмазада против словенското население и Албанците на Балканот.

„Не сме го заборавиле и нема да го заборавиме Балканот. Ние не ги заборавивме српските неверници. Не го заборавивме убивањето на муслиманите во Босна и Косово, ниту уништувањето на џамиите и куќите. Неверниците на Балканот, каде и да се тие, во Босна, Санџак, Албанија, Косово, Македонија, каде и да се кријат, ние ќе ги најдеме со дозвола на Бога“.

Ваквата закана е упатена преку балканското издание на списанието на ИД „Румијах Магазин“.

Поврзани новости