Исламот и глобалниот мир

by Фокус

Христијаните, муслиманите, православните, следбениците на будизмот и на другите религии- сите  се суштества на Господ и како такви треба да се почитуваат. Тогаш кога оваа вистина ќе преовладува како универзално начело, само тогаш ќе ја достигнеме таа севкупна меѓурелигиска  хармонија во целиот универзум. Никој ништо не губи од ова начело. Победува мирот, љубовта, благосостојбата

пишува Х. Сулејман Реџепи

Esselamu alejkum!Драги верници, ви се обраќам со овој исламски поздрав, кој, низ целиот свет, преку ден се изговара по милијарда пати.! Мирот на Господ да биде со вас! Ова е честитка што извира од длабочината на душата од секој муслиман во светот. Ова е мотото според кое сме задолжени да дејствуваме и размислуваме сите следбеници на исламската вера. Да го започнеме денот со мир, да се залагаме за мир, да дејствуваме за мир и да го завршиме денот, оставајќи  ги ширум отворени сите патеки  на мирот. Затоа што, самата исламска вера е мир, милост, љубов, знаење.  ”Ако го прифаќаат Исламот, тогаш го пронашле вистинскиот пат. Но, ако одбиваат, твоја задача е само да им го пренесеш знаењето. Алах ги наблудува своите робови.”.  (20, Ali Imran)

Поаѓајќи од овој постулат од куранот и не единствен, Исламската Верска Заедница во РМ, во  повеќе наврати  ги има одбегнато провокациите кои во суштина имале за цел предизвикување на конфликти со меѓурелигиски карактер и создавање на погрешна перцепција за муслиманите  од земјата и за исламската вера. Ние, како институција но и како заедница, сме го одбрале  патот  на негување на мирот, на зближување и меѓусебно запознавање помеѓу разните верници. Овој чекор влијаел да бидеме оценети  како фактор на стабилноста и не само еднаш како такви сме биле оценети и од страна на меѓународниот фактор, особено од Американската Амбасада во Македонија..

Повеќе пати, македонските шовинистички политики, преку Македонската Православна Црква,  извршиле сквернавење на исламските верски објекти, узурпирале џамии претворајќи ги истите во цркви и поставувајќи гигантски  крстови врз исламските верски објекти. Гигантски крстови со цел на Македонија да му даваат исклучителен македонски  православен карактер, нé имаат дискриминирано во поглед на денационализација на имот, се обиделе да не раздорат  вметнувајќи под куполата на власта разно разни фракции и сомнителни движења  кои секојпат сме ги пријавиле и одбиле како сомнителни антиисламски субјекти и анти меѓурелигиски соживот. И покрај сите овие дискриминирачки политики, ние, како Исламска  Верска Заедница секогаш сме иницирале меѓурелигиски дијалог, проекти и идеи што го следат патот на соработка, на соживот и на благосостојбата. Често сме биле блиску до искрени спогодби  додека, во  последнен мемент не се вмешала политиката на владетелите.

Во кревкиот свет на Македонија, несомнено, делуваат разни служби и интереси, кои одвај чекаат на дестабилизација на земјата и на целиот регион, предизвикувајќи токму меѓурелигиски проблеми. Ова е едноставно можно и лесно, но, истовремено и многу тешко контролирано, особено во заедници со преполовена популација, како што е населението во Македонија: пола православни и другата половина муслимани, која над 80 % е претставена од Албанците.

Историјата ни е сведок дека, нашата нација, значи, албанецот, било како православен или како муслиман, низ векови поминал владетели, уништувачки  планови и проекти. Но исто така, низ векови биле душевно поврзани еден со друг и оваа братска врска останало најважната национална вредност на албанците.

Денес се гордееме со оваа вредност додека целиот свет со право не оценува како единствен  пример на меѓуетничка толеранција и соживот. Албанскиот народ знае да ја цени верата на секој човек во светот, знае за соживот и знае да брани секој верник во случај на опасност. Докажано е! Никогаш нема изразено ниту еден конфликт ниту пак меѓурелигиска омраза иако бил искушител на стравовите како последица на верската омраза. За време на Втората светска војна ниту еден евреин засолнет од страна на Албанците не беше предаден и не беше убиен од страна на нацистите. Албанците не можат да изразат омраза против ниту една вера и против ниту еден  верник, затоа што припаѓаат на сите вери, на многу религии како  и на подоцнежните верувања. Секоја евентуална омраза наспроти некој друг верник во суштина би се сфатило како омраза против верата на која припаѓа својот сонародник, својот брат.

За среќа, Албанците денес имаат две држави, Албанија и Косово и, овие две држави покрај другите задачи имаат должност да ја сочуваат оваа национална вредност  како најсветото нешто, како највисока национална вредност. Оваа душевна вредност се чува и негува постојано само преку инситуционалната соработка помеѓу државните и верските институции.

За жал, денес, и Албанците како и сиот свет, се сведоци на слики и снимки кои го репродуцираат најстрашниот античовечки варваризам на криминалците кои се, несомнено, најомразена категорија на Семоќниот Создател, како и, целосно исфрлена  категорија од секоја религија и вера. Овие потресни слики ни доаѓаат од некои муслимански предели во кои без милост се извалка вистинското лице на Исламот, вегетираат и дејствуваат монструозни суштества кои во ниту еден момент не достигнуваат допирна точка со вистинскиот ислам. Ниту едно општество не е отпорно на оваа категорија луѓе лесни за манипулирање и жедни за монструозни дејствувања. Оваа категорија луѓе, потоа, лесно може да се згрижува низ социлајните слоеви кои остануваат без никаква општествена и државна поддршка.

Иако не официјално, сепак се зборува за значителен број Албанци кои одговориле на оваа монструозна војна. Никој не знае со сигурност колкумина се, но, дури десетмина такви  да се, таа бројка би оставила дамка врз благородната и миролубива  душа на албанците.

За вреднување е заедничкиот став на Албанците, независно на нивната верска припадност, што овие личности се дефинирани како манипулирани, регрутирани од разни платеници за да обезбедат залак леб. Деновиве, некој напиша дека Албанците одговараат на повикот за војна во противредност од 20-30 илјади долари. Значи, нивна точка на поаѓање е да обезбедат средства, залак леб, а не да се залагаат за некоја „исламска држава“ според моделот на терористите и криминалците.

Со цел  демистификација на сета оваа терористичка активност на собраните криминалци од сиот свет  во една територија на неколку муслимански држави, разоткривање на ѓаволските политики и монструозните цели  на мисионерите и разните платеници, со цел што повеќе ширење на вистината за Исламот како вера на мирот која служи во негување на меѓурелигискиот соживот, впуштајќи се заедно во војна против терористите, ние, како Исламска верска Заедница во РМ сме нацртале еден конкретен проект  кој предизвика силен ек осигурајќи безрезервна поддршка особено од меѓународниот фактор. Дури сме се вреднувале како Институција модел  за многу релевантни светски организации. Овој проект завршува со компонентата што останува во обид  и што ги  опфаќа сеопфатните општествени и државни  активности за ресоцијализација и реинтеграција во општеството на сите учесници  во овие ватрени огништа  кои евентуално би се вратиле живи. Ако неморалните и манипулаторите ги користат таквите луѓе како плен, државните институции и целото општество треба да докажат дека нивниот живот е поважен отколку нивната готовност да се жртвуваат за една шака парични средства.

Со овие хумани ставови, не сме против законските прописи, не сме за амнестија од криминалните активности. И ние, како верска заедница, сме се построиле на страната на цивилизираниот свет што се вознемирува од терористичките дела што ги превземаат криминалците на ИСИС.

Не треба да дозволиме штавосани терористи да извршат монструозни дела во име на исламската вера. Тие треба да се војуваат, затоа што се мунафици, бессомнение. Во сурето Ел Мунафикун, ајет 3 и 5 Семоќниот Алах вели: “Тие ги користат своите заклетви како маска и ги одвраќаат (луѓето) од патот на Алах. Навистина многу пакосни се нивните работи!“ и, “Кога ги гледате нив, нивниот убав изглед ве одушевува, а ако прозборат, вие ги слушате нивните зборови. Но сепак, тие се како потпрени трупци-стебла. Тие мислат дека секој позив што го слушаат е против нив. Тие се вистинските непријатели, затоа, пазете се од нив! Господ да ги казни! Колку многу се оддалечиле (од вистината) ?!”

Сепак, имам една мака: имам впечаток дека политичката терминологија што се употребува во светот во однос на исламската вера, нé повредува и нам. Светот го прифаќа  исламот како небесна вера. Оттука, како може да има ислам што произведува тероризам, или пак како може една лошотија на човештвото да се именува  со термот „исламски“. Поимите “Исламски тероризам”, “Радикален исламизам”, “Исламски злосторства”, идр. се синтагми кои го повредуваат исламот повеќе отколку монструозните дела на одредите  проколнати од самиот Семоќен Господ. Нема верување во светот, нема небесна вера  што го мотивира тероризмот, насилството. Исламот е мир и исклучиво како таков треба да се преведува и третира. Верите се прогласени од самиот Господ и сите се негови. Ние треба да ги веруваме и практикуваме како заповеди од Господ. Господ не заповеда за злосторства.! Господ заповеда мир, толеранција, љубов, соживот, благосостојба. Цивилизираниот свет не смее да води единствено борбена кампања  против терористите кои манипулираат во име на исламот. Цивилизираниот свет треба да води кампања и за Исламот како небесна вера, вера која нема ништо заедничко со терористите. Оваа борба треба да има и карактер на заедничка војна, војна на цивилизираниот свет против терористите кои се обидуваат да ја извалкат верата на Алах, Исламот. Да се војуваат слично како што се војуваа во X век „Синовите на ѓаволите”, кои години по ред  воделе една од најстрашните војни во историјата на човештвото во име на некаков си „Мир на Господ“. Бидејќи оваа војна беше водена од  свештениците и нивните монаси, никогаш не беше квалификувана како кристијанска војна против човештвото туку, едноставно, како војна како што ја нарече Папа Серги Втори „Чедата на ѓаволите”. Благородниот Куран вели: “…тешко на оние со нечувствително срце кога се спомнува Алах! Таквите луѓе се во јасна загуба! (22, Ez zumer)

Вниманието кон исламската вера и војувањето на сите оние кои се обидуваат да го извалкат исламот само што ја сочува и умножува хармонијата и меѓурелигискиот соживот како заповед на Семоќниот. Секој што нема да ја почитува оваа толку света заповед за целото општество, тој не припаѓа на човештвото.

Христијаните, муслиманите, православните, следбениците на будизмот и на другите религии- сите  се суштества на Господ и како такви треба да се почитуваат. Тогаш кога оваа вистина ќе преовладува како универзално начело, само тогаш ќе ја достигнеме таа севкупна меѓурелигиска  хармонија во целиот универзум. Никој ништо не губи од ова начело. Победува мирот, љубовта, благосостојбата. Мирот и милоста Божја нека бидат со вас. Еселаму алејку, дради верници!

(Авторот е Поглавар на ИВЗ во РМ)

Поврзани новости