Искршил апарат во казино, а следниот ден обезбедувањето го искршило него

by fokus

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против шестмина кичевчани, на возраст помеѓу 26 до 50 години кои биле вработени во агенција за обезбедување. Се товарат за кривично дело “учество во тепачка“.

Според полицијата на 29.10.2017 година во 12,30 часот во с.Трапчин дол, кичевско, настанала расправија помеѓу С.Б. и А.П. кој претходната ноќ скршил апарат за игри на среќа во казино во Кичево. Притоа, С.Б. кој бил сопственик на агенција што го обезбедувала казиното, физички го нападнал А.П. удирајќи го со тупаници по целото тело. По кратко време, во тепачката се вклучиле и останатите пријавени, вработени во агенција за обезбедување кои со раце и нозе удирале по А.П.

Тепачката била прекината од полициски службеници, по што А.П. бил пренесен во Општата болница Кичево, каде му биле констатирани тешки  телесни повреди.

Поврзани новости