Искршен штабот на СДСМ во Битола

by fokus

Штабот на Социјалдемократскиот сојуз во Битола рано утринава бил демолиран од непознати сторители. Искршени се стаклата и уништен е инвентарот.

Штабови на СДСМ вчера беа демолирани и во Скопје и во Куманово. Од партијата ова го оценија како обид за заплашување на членството.

– Ваквите инциденти не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија- порачаа од СДСМ.

Поврзани новости