Ископувал земја, па нашол артилериска граната во својата куќа

by fokus

Жител на Берово пронашол една артилериска граната со калибар од 75 мм, откако вршел ископ на земја од приземјето на неговата куќа, велат од МВР.

„Вчера во 16.30 часот во Полициската станица Берово, В.А. (40) од Берово пријавил дека  при  ископ на земја од приземјето во неговата куќа на улица „Моша Пијаде“ во Берово, во една од собите пронашол една артилериска граната со калибар од 75 мм, со непознато потекло. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово, а експлозивната направа била подигната од инспектор  од  Дирекцијата за заштита и спасување во Берово“.

Поврзани новости