Исклучително нестабилна и влажна воздушна маса се движи кон Македонија – истата ќе услови НЕВРЕМЕ

by fokus

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен, и од југоисточен правец. Ветерот особено долж Повардарието повремено ќе засилува.

Кон крајот на денот, и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 35 степени.

Од утре па натаму нашата територија ќе биде зафатена од значително понестабилна и влажна воздушна маса која ќе условува честа појава на пороен дожд, поголемо количесто на воден талог кое може да условува локални поплавувања, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ со силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости