Иселениците од САД бараат одговори за затајувањето на полицијата на крвавиот четврток

by fokus 21:36
21:36

Македонските иселеници во САД, здружени во фејсбук групата #Протестирам САД вечерва објавија соопштение во кое велат дека со загриженост го следат развојот на настаните во татковината, по насилниот и оркестриран упад во Собранието и загрозувањето на безбедноста и животите на пратеницитe.

Во соопштението се вели:

- Advertisements -

„Со индигнација го отфрламе денешното попречување на избраниот претседател на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во преземање на должноста и извршување на задачите и должностите согласно Уставот на Република Македонија.

Најостро го осудуваме нападот врз парламентарниот дом и насилството врз народните избраници и присутните новинари. Очекуваме од правосудниот систем и другите надлежни институции најитно да ги откријат и да преземат соодветни законски мерки против сторителите, поттикнувачите и организаторите на овие настани.

Во исто време, заедно со сета македонска јавност, бараме одговори за причините за затајувањето на службите за безбедност, пред се на полицијата, за време на овие настани, како и соодветна одговорност.

Очекуваме Република Македонија да остане на патот на демократските промени, што ќе резултира со формирање на нова влада на Република Македонија, изразена според мнозинската волја на граѓаните на изборите од 11 декември 2016 година. Се надеваме дека овој процес ќе биде направен по мирен пат, како што соодвествува на демократска држава. Со изборот на господинот Талат Џафери за претседател на Собранието се отвора пат за формирање влада и изнаоѓање решенија за почеток на разрешувањето на долготрајната политичка и институционална криза во Македонија.

Очекуваме парламентарното мнозинство да формира влада во најкус можен рок и да овозможи функционирање на институциите и владините служби и да обезбеди целосна безбедност и сигурност на граѓаните на Република Македонија. Се надеваме дека партиите од парламентарното малцинство ќе покажат висока свест за моментот во кој се наоѓа државата и ќе овозможат мирен трансфер на власта.“

 

Поврзани новости