Иселеници во САД го одбележаа ослободувањето на Скопје

by fokus

Во организација на Форумот за демократска Македонија, глобална организација на иселеници, беше одбележана 75-годишнината од Ослободувањето на Скопје со предавање и прием во македонската амбасада во Вашингтон, САД.

Во центарот на настанот беше уникатниот веб архив посветен на спомениците од народноослободителната борба во поранешна Југославија – Споменик (https://www.spomenikdatabase.org/).

По разговорот меѓу авторот на овој проект, Доналд Ниебил, и претставничката на Форумот за демократска Македонија, Анета Георгиевска-Шајн, беше презентирана книгата базирана на овој архив објавена минатата година, која што доби високи оценки од реномирани критичари од областа на историјата на архитектурата (Spomenik Monument Database, by Donald Niebyl, Fuel Publishing, London, 2018).

На настанот и приемот присуствуваа гости од разни сфери на животот на САД – вклучувајќи ја владата, академски кругови, меѓународни и невладини организации.

Поврзани новости