Иселеници собираат донации за семејствата на осудените за нападот на Собранието: Да не се борат со сиромаштија, бар таму можеме да помогнеме!

by Fokus

Македонски иселеници четврта година по ред собираат новогодишни донации, наменети за семејствата на осудените за нападот во Собранието кои отслужуваат затворски казни. Иницијативата е на велешанецот Боби Темелков, кој живее во Канада, и е претседател на Македонски Светски конгрес- Канада.

Како што информираат на страницата за донации, целта им била да соберат 30.000 канадски долари и рамноправно да ги поделат на фамилиите. Досега се собрани над 5.000 долари. Најголемата донација од над 1.000 долари доаѓа од Македонски Светски конгрес-Канада. Минатата година за семејствата се собрале околу 20.000 долари.

Тогаш Темелков ги повика и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ да помогнат со свои донации, но повикот не наиде на интерес од нивна страна.

-Нашите браќа веќе пет години се обесправени и одвоени од нивните фамилии. Тие се оставени сами да се борат со неправдата, неизвесноста и судбината на нивните татковци и сопрузи. Да не дозволиме да се борат и со сиромаштијата, таму барем можеме да помогнеме. Должност ни е да подариме таму, каде што нема и да внесеме верба таму, каде што е изгубена – порача Темелков.

Вики Клинчарова

Поврзани новости