Исчезнал кумановец, семејството бара помош

by Fokus

Драган Цветковски Косиљак (59) од Куманово исчезнал на 19 декември, откако во 13 часот излегол од дома во близина на трговскиот центар во населбата “Гоце Делчев“, Куманово.

Последен пат бил виден во 13.30 часот кај ресторанот „Бела Дона“ и оттогаш му се губи секаков траг. Случајот е пријавен во кумановската полиција.

Семејството вели дека Драган има здравствени проблеми и не се оддалечувал од дома. Повремено шетал до Кисела вода, но редовно се враќал бидејќи го знаел патот. Тие се сомневаат дека најверојатно заталкал и поради болеста не знае да се врати. Со оглед на темелно спроведената потрага низ Куманово, од страна на семејството и најблиските пријатели, во последните неколку дена, постои можност да е надвор од градот.

Затоа ги молат граѓаните доколку го забележат, да пријават во полиција или на телефонскиот број 071/559-608.

Висок е 180 сантиметри со црна коса. Облечен е во сива јакна, темно кафени пантолони, со сива капа.

Поврзани новости