Исчезна руски авион со 28 лица, меѓу патниците има и деца

by Fokus

Руски авион АН-26 со најмалку 28 лица исчезна од радарите на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија. Како што објавија повеќе новински агенции, авионот летал од Петропавловск-Камчатски кон градот Палана, а изгубил контакт со контролата на летање при обид за слетување. Регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека во авионот имало 22 патници и шест членови на екипажот. Меѓу патниците имало и две деца на возраст под 12 години.

Според информации на руската новинска агенција „Интерфакс“ авионот бил исправен , а контактот со контролата на летање го изгубил десетина минути пред да слета. Спасувачките екипи го бараат и на копно и на море. Веќе е почната истрага која треба да ги утврди причините , а според информациите од метеоролошките служби времето било облачно и имало магла.

Поврзани новости