Иран руши рекорди по бројот на новозаразени од ковид-19

by Fokus 17:40
17:40

Рекордни 37.189 нови случаи на корона вирус се пријавени во Иран.  Министерството за здравство ги објави најновите податоци за бројот на заразени и починати од последиците предизвикани од Ковид-19.

Во последните 24 часа регистрирани се 37.189 случаи на инфекција, што е нов рекорд, додека вкупно 4.317 лица се хоспитализирани. Ова го зголеми бројот на заразени на 3.940.708. Вкупно 91.407 луѓе починаа, од кои 411 во последните 24 часа.

- Advertisements -

Во единиците за интензивна нега има 5.607 луѓе, и досега вкупно 3.404.533 заразени лица оздравеле.

Во Иран се дадени повеќе од 13,08 милиони дози вакцини. Повеќе од 10,28 милиони луѓе ја примиле првата доза, а повеќе од 2,79 милиони ја добиле и втората доза.

Поврзани новости