ИПИС: Ги погодивме резултатите!

by Фокус 14:27
14:27

Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), кој е препознатлив по аналитичарот Владимир Божиновски, денеска се пофали дека како и во минатите изборни циклуси имале најточна прогноза за резултатите од првиот круг на претседателските избори.

„Од прикажаните резултати може да се забележи дека резултатите на ИПИС се најточни и се во рамките на дозволената маргинална грешка (-3% за Пендаровски и +0,4% за Иванов). Потоаследат резултатите на „Павел Шатев“ и резултатите на „Димитрија Чуповски“, се вели во писмениот допис од ИПИС.

- Advertising -

Поврзани новости