Инвестиции од над осум милијарди евра за следните шест години, најави Заев

by fokus

Инвестиции од над осум милијарди евра за следните шест години, како дел од Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027, најави премиерот Зоран Заев при денешната презентација во Владата.

Најголем дел од нив, како што кажа, се приватни инвестиции или грант донации од ЕУ, концесии, јавни приватни партнерства, или се заедно вкупно 4,2 милијарди евра. За следните пет години најави голем број на инвестиции во ски-центри, енергетиката, патната, железничката и гасната инфраструктура, капацитети за преработка на отпад. Исто така најави најмалку 30 странски инвестиции во вредност од 654 милиони евра во блиска иднина на повеќе локации во земјава со голем број нови работни места.

-Наши државни пари од сопствен буџет, а дел од кредитните линии коишто се потпишани се повеќе од 3,8 милијарди евра, што значи заедно надминуваме осум милијарди евра инвестиции, прецизира Заев.

За ефикасна реализација на ИПИ 2021-2027, како што кажа, ќе биде формирана и единица за следење на инвестициите која ќе претставува координативна група од јавниот и приватниот сектор и ќе биде одговорна за раководење со процедурите за справување на Интервентниот план за јавни и приватни инвестиции.

Поврзани новости