Интерпелацијата за Спасовски последна точка на седница, интерпелациите за Николовски и Маричиќ на друга седница

by fokus 17:37
17:37

Со 92 гласови „за“, ниту еден воздржан или против, пратениците на денешната седница во Собранието донесоа одлуката за прогласување кризна состојба на јужната и на северната граница заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија.

Покрај оваа, се донесоа и одлуки за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.

- Advertisements -

Седницата е во тек, а на дневен ред се и предлог-измените во Законот за здравствената заштита, со кои се ограничува сумата што ќе ја плаќаат граѓаните во приватните болници, како и се забранува преминување на кадар од јавното во приватното здравство во време на кризна состојба.

Последна точка од дневниот ред е и интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од Алијанса за Албанците и Алтернатива поради бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара на оваа седница да бидат ставени и интерпелациите за министерот за правда, Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски за лошото рангирање на земјава во борбата против корупцијата.

-Деловникот пропишува на интерпелацијата на носител на јавна функција, дотичниот да има право, но не и обврска да одговори во рок од 15 дена. Во тие 15 дена двајцата дотични не одговориле на интерпелацијата и според деловникот бев должен на прва наредна седница да ги ставам точки на дневен ред. Беа поставени на 36 седница. Вие баравте да се тргнат тие две точки од таа седница, рече Џафери.

Мицевски реагираше дека тие не се повлечени и дека можело да се стават на дневен ред на оваа седница.

Поврзани новости