Интерпелација за Никола Димитров во Собранието

by Fokus

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Интерпелацијата е поднесена од повеќе од 30 пратеници од опозициските партии во парламентот.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ му забележува на Димитров дека со своето недоаѓање на комисиска расправа, покажал непочитување на Собранието. Секретаријатот за европски прашања е пасивен и без отчет за првите 100 дена, а третата причина за интерпелацијата е заблудата во која е доведена јавноста со тврдењето на Димитров дека Македонија има одлука за старт на преговорите со Европската унија.

Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за очајното ВМРО ДПМНЕ, велат во СДСМ. Владејачката партија потсетува дека опозицијата и пред две години поднесе интерпелација за истиот министер, но за неа гласаа само 20 пратеници, па очекува така да биде и годинава.

Поврзани новости