Интернет кампања: Сакаме стадион во Битола!

by Фокус 22:08
22:08

Фудбалските фанови од Битола од денеска преку социјалните мрежи покренаа акција наречена „Сакаме стадион во Битола“. Тие велат дека акцијата е потикната од континуираното запоставување на Битола во однос на капиталните проекти во Скопје.

– Градот нема спортска сала, ако не се смета старата изградена пред 35години, која целосно се распага. Стадионот е тотално распаднат, нема затворен базен, од спортски објекти има само две добри тениски игралишта и толку! Од 25 јуни почнуваме кампања преку Фејсбук и преку интернет порталите. Бараме буквално сите граѓани што ги знаеме и познати и обични луѓе, да се фотографираат на еден обичен лист хартија со порака: Сакаме стадион во битола! Веќе прифатена ни е помошта од доста познати македонски фудбалери, спортски новинари и неколку актери – велат навивачите од Битола.

- Advertising -

Ова е нивната фејбук-страница.

Поврзани новости