Интер се опари од мечот со Барселона, огромна заработка од влезници

by fokus

Во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите против Барселона, калчолигашот Интер заработи 5,8 милиони евра од продадени влезници што е нов рекорд во италијанскиот фудбал.

Според последните информации кои доаѓаат од Милано, Интер продал 73,5 илјади билети.

Претходниот рекорд по заработка од продадени билети беше поставен на натпреварот Рома – Ливерпул минатата сезона во елитното натпреварување.

Кога станува збор за досегашната најголема заработка на Интер, таа изнесуваше 5,2 милиони евра од продадени билети за дербито од домашниот шампионат против Јувентус минатата сезона.

Натпреварот Интер – Барселона се игра вечер во Милано со почеток во 21 часот.

Поврзани новости