Институтот кој прави „анкети“ во корист на ВМРО-ДПМНЕ е неактивен

by fokus

Штабскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, кој со години испраќа информации за направени „анкети“ до медиумите, иако неактивен според податоците од Централниот регистар, вчера повторно извади нова акнета во корист на опозициската партија.

По најавата на телевизија Телма и неколку часа пред да се објават резултатите од анкетата, на медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ се појавија „резултати од анкета“ направена од институтот Димитрија Чуповски.

Во „анкетата“ нема резултати за рејтингот на лидерите, нема ниту резултати за тоа како гласале Македонците, а како Албанците, нешто што го има во секоја анкета со цел да се види расположението како во македонскитот, така и во албанскиот политички блок.

Фокус ги провери податоците во Централниот регистар за институтот Димитрија Чуповски, кој не е дискредитиран само за лажните анкети. Покрај тоа што институтот се наоѓа на домашната адреса на претседателот Перица Спасевски, таму не може да се најдат ниту здружението, ниту Спасевски.

На адресата, новинарски екипи при проверката дали навистина од таму работат анкетари наидоа на семејство кое штотуку се вселило на адресата, како што рекоа, под кирија.

Поради фантомската адреса, останува отворено прашањето каде и на кој начин членовите на иститутот, главно членови на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни или актуелни советници во општините ги прават телефонските анкети.

Во документите може да се види дека институтот Димитрија Чуповски има неактивен статус. Институтот и лани имаше неактивен статус, но пред локалните избори исто така правеше „анкети“ во корист на опозициската партија, која доживеа фијаско на изборите.

Александар Тодески

Поврзани новости