Инстаграм воведува нова опција

by Fokus 15:31
15:31

Компанијата Фејсбук соопшти дека нејзината апликација Инстаграм од денес ќе бара од сите нови корисници податоци за раѓање , со цел да се воведат нови безбедносни мерки за младите корисници.

Досега тие бараа од своите корисници да се изјаснат дали имаат најмалку 13 години.

- Advertising -

Како што наведуваат од Инстаграм тие податоци нема да бидат видливи за другите корисници, покрај тоа во наредните недели тие ќе ја воведат и опцијата за блокирање на пораки од луѓето кои не ги следат.

Сепак се очекува од корисниците да бидат искрени во врска со датумите на раѓање , но и вештачката интелегенција ќе помогне во верификацијата на истите. И покрај овие мерки дел од организациите за заштита на деца се скептични дека овој чекор навистина ќе ги заштити младите од непримерните содржини на оваа платформа.

 

 

Поврзани новости