Инспекцијата затворила два угостителски објекти во Скопје

by Фокус

Во текот на изминатото деноноќие, инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус констатирале дека два угостителски објекта, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време.

„Угостителските објекти се испразнети и затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19“, информираат од МВР.

Во двата објекти биле затекнати гости.

Поврзани новости