Инспектори затвориле локал поради прекршување на мерките, братот на газдата ја отстранил пломбата

by Fokus

Полицијата синоќа привела 30-годишен сопственик на угостителски објект во селото Неготино, Општина Врапчиште, поради прекршување на мерките за заштита од ковид-19.

Наместо да затвори во 18:00 часот, во 20:30 во локалот биле затекнати околу 25 гости, по што инспектори од Државниот пазарен инспекторат – Гостивар го затвориле објектот и го запечатиле со пломба.

Меѓутоа, братот на газдата, 37-годишен маж, ја отстранил пломбата, па и тој бил лишен од слобода.

Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

 

Поврзани новости