Инспектори кај директорите кои ги тераат учениците на протест

by fokus

По бурните реакции против злоупотребата на ученици за политички цели, Министерството за образование и наука конечно се огласи со реакција. МОН ги обвини директорите на училиштата кои дозволуваат учениците да излегуваат на протести и  велат дека му наложиле на Инспекторатот да ги провери училиштата и да ги преземе потребните мерки.

-Му наредивме на Државниот просветен инспекторат, директно на директорката на овој Инспекторат, а врз основа на одговорот кој таа ни го врати, во кој се вели дека сите инспектори се испратени на терен и прават евиденции во сите средни училишта кои дозволија учениците да излезат на улица, ќе се направи записник после кој согласно Законот ќе се преземаат санкции за сите што го прекршуваат Законот – изјави Сафет Незири за Алсат-М.

Инаку, со кривични пријави веќе се соочи директорот на гимназијата „Мирче Ацев” во Прилеп, Кире Николовски поради неговиот националистички говор што им го држеше на учениците, повикувајќи ги да излезат на протест против албанската платформа.

Поврзани новости