Инспекторат: Градоначалниците имаат техничка функција до 31 декември

by fokus

Државниот инспекторат за локална самоуправа реагира на толкувањата за мандатите на градоначалниците и на општинските совети и тврди дека се произволни и несериозни за да се манипулира јавноста.

Инспекторатот информира дека во согласност со член 35, став 1 од Законот за локална самоуправа, мандатот на советниците е четири години.

Со оглед на тоа што последните локални избори се одржаа на 24 март 2013 година, нивниот мандат истече на 24 март годинава и сите одлуки што советниците ги донеле по овој датум од страна на инспекторатот се поништени, а никаква евентуална законска измена од Собранието нема ретроактивно дејство“, велат од Инспекторатот.

Состојбата со мандатот на градоначалниците, според Инспекторатот, е поинаква и тие имаат мандат до 31 декември оваа година.

„Мандатот на градоначалниците е регулиран со член 49 и 52 од Законот за локална самоуправа, каде што стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи до 31 декеври 2017 година. Со оглед на изминатиот мандат на советниците, градоначалниците извршуваат техничка функција и општините не смеат да прекинат да функционираат“, се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека ниту биле консултирани ниту учествувале на јавни дебати организирани од ЗЕЛС, на кои, според соопштението, се носеле произволни заклучоци без законска основа и од партиски интереси, како и дека се лицитирало со датуми за мандати.

Поврзани новости