Инклузивна танцова претстава „Рефлексија“ во НОБ

by Fokus

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска на големата сцена во Националната опера и балет во Скопје ќе се одигра инклузивната танцова претстава „Рефлексија“.

– Ова е трета по ред инклузивна танцова претстава која има за цел да ја подигне свеста за лицата со попреченост и да поттикне нивно инволвирање во сите сфери од животот, вклучително и уметностите, истакнаа од тенцовото студио „Еурека“.

Настанот е поддржан и остварен во соработка со Министерство за култура.

Како што најавија од „Еурека“, настанот ќе биде проследен од сопругата на претседателот на државата господинот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска. Поканети се претставници од амбасадите, бизнис заедницата, музичката сцена и други личности

Поврзани новости