Иницијативен одбор за вонреден конгрес: Ако Мицкоски не ја добие довербата на 28 март, ќе избереме нов лидер

by fokus

Дали Христијан Мицкоски го исполни ветувањето за обединување на партијата, дали ја врати партијата на победничките патетки, дали и го врати угледот кај меѓународната заедница, дали ги зголеми коалицискиот капацитет како што вети во Валандово?

Ова се прашањата на кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да одговори на вонредниот конгрес на партијата закажан за 28 март, а кои од него ги бараат сите кои ќе го прифатат повикот на Иницијативниот одбор за вонреден конгрес.

Тие денеска го промовираа слоганот под кој ќе се одржи 17-от вонреден конгрес, кое гласи „Сплотени победуваме“.

Мицкоски, како што порачаа, на 28 март во Скопје, ќе треба да им даде одговори на 367 –те делегати кои гласаа за него пред три години во Валандово, но и на оние кои не гласаа за него и на кои им вети дека ако не обезбеди победа, ќе си поднесе оставка.

На конгресот најавија дека ќе се гласа за доверба на лидерот Мицкоски и ако тој не ја добие довербата, ќе се избира нов. Ги повикаа сите заинтересирани да подготват пррограма и најавија дека идниот претседател ќе биде тој кој треба да ја понесе партијата во победа.

Поврзани новости