Иницијативен одбор за промени во ВМРО: Да беше искрен, Мицкоски ќе се повлечеше

by Фокус

Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, Христијан Мицкоски ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет со истечен мандат, велат од Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ, откако Мицкоски рече дека понудил оставка но не му била прифатена.

„Се уште актуелниот Престедател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да именува или разрешува партиски органи. Единствено чесно од негова страна би било извинување до членството за претрпените порази, преземање на одговорност, оставка и закажување на вонреден Конгрес. Само така ќе си го одржи зборот и ќе го сочува образот. Впрочем, самиот Мицкоски јавно вети дека ќе се повлече доколку не победи и не успее да формира влада. Мицкоски загуби и немаше капацитет да формираше влада. Поразот на избори е највеќе заради тоа што нема капацитет да обединува. Ни граѓаните, ни партиските членови во него не гледаат лидер“, се наведува во реакцијата.

Поврзани новости