Обидот на се уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да го избегне соочувањето со делегатите кои го избраа на 16-от Конгрес, преку закажување на редовен конгрес во ноември е поигрување со партијата и со сите членови кои ги овластија делегатите во Валандово да му го доверат водството, реагираат од Иницијативниот одбор кои барааат свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и вчера го закажаа на 28 март во Скопје со главни точки – отчет за сработеното на Мицкоски и гласање доверба.
-Христијан Мицкоски нема капацитет и не ужива доверба меѓу членовите на партијата, а уште помалку меѓу неутралните граѓани. Христијан Мицкоски ќе му донесе уште еден пораз на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, исто како што донесе порази и на претседателските и на парламентарните избори. Мицкоски успеа да го изгуби и второто место по популарност паѓајќи на трето зад лидерот на Левица, Димитар Апасиев,нсе вели во реакцијата на оваа група членови на опозициската партија на вчерашната одлука на Централниот комитет од синоќа редовниот и изборен конгрес на партијата да се одржи во ноември.