Иницијативата за уставноста на Законот за СЈО фати пајажина

by fokus 19:21
19:21

Ниту по една година и три месеци чување во фиока, иницијативата за уставноста на Законот за СЈО се уште не доаѓа на дневен ред. Ниту на наредната седница, закажана за в среда, не е предвидено Уставните судии да ја разгледаат оваа иницијатива.

Дневниот ред до пред неколку месеци го правеше судијката Елена Гошева, но откако на претседателското столче седна Никола Ивановски, сега тој е надлежен за неговата содржина. Но, и тој како и својата претходничка, од за нив познати причини, не ја земаат во работа оваа иницијатива, иако е поднесена уште пред една година и три месеци, а пред шест месеци беше дадена на судија известител.

Уставниот суд при оценување на уставноста на законот има можност да донесе два вида одлуки: една за укинување на целиот закон или за укинување на одреден член или членови од законот, и одлука за поништување на целиот закон или за поништување одреден член или членови од законот.

В.В.

Поврзани новости