Иницијатива за интерконективно гасно поврзување на Струмица со Петрич

by fokus

Иницијатива за ново интерконективно гасно поврзување меѓу земјава и Бугарија со изградба на госовод од Струмица до Петрич денеска во Скопје пред премиерот Зоран Заев презентираа претставниците на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора. Истата иницијатива му била презентирана и на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Иницијативата предвидува формирање на заедничко претпријтие меѓу двете држави кое ќе го изготви проектот и ќе се обиде да обезбеди средства за негова реализација. Според првичните проценки, гасоводот би чинел од 20 до 25 милиони евра, проектот би се изработил за два до три месеци, а цевките би биле поставени за помалку од три месеци. Презентацијата ја вршеа претставници на „Булгартранс гас“ пред институциите од боласта на енергетиката во земјава.

– Помеѓу Петрич и Струмица веќепостои една врска на виртуелна мрежа наречена компресиран природен гас кој се носи од Бугарија за Струмица. Целта е да направиме второ интерконективно поврзување со цевка заради севкупната конекција на Бугарија  и на Република Северна Македонија со „Трансјадранскиот гасовод“ (ТАП), како и за излегување на Егејското Море за приклучоците на големите капацитети за ликвиден, односно течен природен гас, кој претставува трет потенцијал за снабдување на нашата земја, но и можност за Бугарија, рече премиерот Заев во изјава пред презентацијата.

Тој нагласи дека земјава веќе доби грант од Вестерн Балкан Инвестмент Фонд за интеконективното поврзување со Грција, но конекцијата со Бугарија, како што кажа, ќе треба да ја финасираат сами двете земји.

– Верувам дека Европската Унија ќе обезбеди дополнителна поддршка зашто природниот гас претставува перспектива за сите земји, па и за Република Северна Македонија. Тука сум за да ги охрабрам зашто верувам дека е сериозен потенцијал за развој нацелата држава, рече Заев.

Поврзани новости