Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова на денешната прес конференција за медиумите порача дека изминува низ тежок период и сето тоа е ширење на дезинформации.
„Тродневната голгота низ која поминувам поради информацијата дека сум дала грант од 270.000 евра на фризерница е замајување на јавноста. Станува збор за давање на грант точно, поточно на повеќе грантови, но не на фризерница, туку на претпријатието В.Е.З ТРЕЈД, а господинот Зоран Златковски е сопственик пред чија продавница се направија многу монтажи, а последната е дека јас со него се наоѓам пред неа. Ниту јас ниту некое физичко или правно лице ги дели парите, тие се делат по строго утврдени правила кои ги диктира Брисел. Ние сме на еднакво ниво како и државите членки на ЕУ и ги применуваме нивните правила“, истакна Димова.