Инфантино: ФИФА не прифаќа Супер лига, клубовите ќе сносат последици

by Fokus

Проектот Супер лига е неприфатлив и клубовите кои изразија поддршка со свој потпис ќе сносат последици, најави денеска претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино.

– Нема ниту трошка сомнеж дека ФИФА го отфрла проектот Супер лига. Тие 12 клубови ќе мораат да сносат последици. Тие се дисиденти на постојните институции, рече Инфантино во видео обраќањето на конгресот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Инфантино потенцираше дека нема да има разбирање доколку некои од клубовите, кои стојат зад проектот, го сменат во меѓувреме ставот.

– Или си внатре, или си надвор. Не може да бидеш половина внатре, а половина надвор, истакна Инфантино, кој како и претседателот на УЕФА Александар Чеферин, се закани со исклучување од меѓународните натпреварувања на фудбалери, кои евентуално би настапувале во најавената Супер лига.

Поврзани новости