Индустриското производство порасна за 1, 7 отсто

by Фокус

Индустриското производство за осум месеци од годинава бележи раст од 1,7 отсто, во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Раст од 10, 3 отсто има во секторот снабдување со електрична енергија и гас, а преработувачката индустрија има раст од 1,3 отсто.

Пад на индустриското производство за 1,1 отсто бележи рударството.

Во август во споредба со истиот месец лани, Заводот за статистика регистрирал раст на индустриското производство за 12, 7 отсто.

Поврзани новости