Индонезиски политичар осуден на 15 години затвор поради корупција

by fokus 11:28
11:28

Поранешниот претседател на индонезискиот Парламент, Сетја Нованто денеска е осуден на 15 години затвор поради вмешаност во проневера на 170 милиони долари државни пари поврзани со системот за електронски лични карти.

Нованто е осуден и на парична казна во висина од 36.000 долари, а по издржаната затворска казна, има забрана од пет години да се занимава со политика.

- Advertisements -

Тој истакна дека размислува дали ќе поднесе жалба на пресудата.

Нованто е еден од околу 80 претставници кои имале корист од воведувањето на системот за електронски лични карти во 2011 и 2012 година, што чинел 400 милиони долари, а тие украле една третина од средствата.

За време на судењето Нованто ги отфрли обвинувањата и без успех ги обвинуваше другите истакнати политичари.

Поврзани новости