Индија стана шестата земја најтешко погодена од Ковид-19

by fokus

Индија стана шестата земја најтешко погодена од пандемијата на корона вирусот по вчерашниот најголем дневен пораст на заболени.

Министерството за здравство потврди 9.887 нови случаи на корона вирус со што вкупниот број на заразени во таа земја порасна на 236.657, пренесе „АП“.

Поголем број од новите случаи се откриени во рурални области по враќањето на стотина илјади работници мигранти кои ги напуштија градовите после затворањето на земјата на крајот на март.

Ограничувањето за движење се спроведува во подрачјата со висок ризик, додека властите делумно ги обновија услугите на железницата и домашните летови и им дозволија на продавниците повторно да отворат.

Поврзани новости