Имот кријат екс градоначалникот на Ѓорче, директорот на ПИОМ и директор на инспекторат, обелодени ВМРО

by fokus

Поранешниот градоначаник на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осидурување, Дритан Беџети, и Фикри Алити, директор на Државниот инспекторат за ловство, се новите имиња кои ги обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ во продолжението на аферата „Тајни имоти“.

-Александар Наумоски, поранешен градоначалника на општина Ѓорче Петров, сега член на Советот за унапредување и развој на ревизијата во Македонија, крие имот.
Наумоски кој беше проследен со бројни афери додека беше на градоначалничкото место го крие својот имот. Што крие Наумоски? Тој на свое име нема евидентирано имот, но поседува луксузно теренско возило БМВ Х5?

Имот крие и Дритан Беџети, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
ПИОМ е една од најголемите институции во државата и располага со огромни средства, а директорот на истата не ги почитува законите, ниту во делот на пријавување на својот имот.

По стапките на Наумоски и Беџети оди и Фикри Алити, директор на Државниот инспекторат за ловство, кој исто така не го доставил својот имот на увид на јавноста, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Според него, овие функционери именувани од владата извршуваат одговорни функции, и располагаат со средства и менаџираат институции кои се од витално значење за функционирањето на државата.

-И наместо да бидат разрешени од позициите на кои се именувани, овие директори се заштитени од Ковачевски, кој ја префрла топката со ДКСК.Аферата Тајни имот, во целост го покажува трулиот систем и како не треба да се функционира. За овие и за сите други незаконитости одговорност ќе има, додава Петрушевски.

Поврзани новости